Издавачката куќа КУЛТУРА е формирана во 1945 година и денес е најстарото книгоиздателство во Македонија. Приватизирана во 2000 година. Во моментот на приватизацијата имаше 120 вработени; денес целокупната дејност ја извршуваат 20 луѓе.
КУЛТУРА во своја сопственост има две книжарници, од кои едната е во центарот на Скопје и важи за најрепрезентативната книжарница во Македонија. Соработува со повеќе приватни книжарници во Македонија, а свој книжарски простор има и на Економскиот факултет во Скопје.
КУЛТУРА објавува:
- Белетристика (светски и македонски писатели)
- Есеи и критика (од светски и македонски писатели)
- Филозофска литература
- Историска литература
- Медицинска литература.
Од позначајните светски писатели КУЛТУРА ги објавила: Милан Кундера, Андреј Макин, Антонио Табуки, Роберт Ладлам, Карл Саган, Адел Паркс, Николо Аманити, Пол Блок, Роберт Воган, Ерин Емануел-Шмит, Лешек Колаковски, Едгар Морен, Робер Бадентер, Нуло Миниси, Ерих Фром...
Мината година во издание на КУЛТУРА на македонски јазик за првап интегрално беше објавена Божествена комедија од Данте Алигиери, наскоро ќе ги добиеме авторските права за книгите на Вабио Воло и Федерико Моча, Умберко Еко. КУЛТУРА е застапник на правата за Хари Потер...
Годишно КУЛТУРА објавува по 50-тина нови наслови. |